Ковид19 Македонија Најважни

Нови 108 случаи на Ковид-19 од 1902 тестирања, двајца починати и 112 оздравени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1902 тестирања, а регистрирани се 108 нови случаи на Ковид-19, во Скопје-45, Куманово-18, Дебар-1, Штип-11, Прилеп-3, Тетово-2, Струга-4, Велес-4, Гостивар-9, Струмица-2, Виница-2, Делчево-4, Свети Николе-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 112 оздравени пациенти од: Скопје- 32, Дебар-1, Штип-20, Прилеп-4, Тетово-4, Велес-3, Битола-5, Гостивар-11, Кочани-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-8, Свети Николе-9, Кичево-12.

Починати се двајца пациенти од Куманово (64г и 72г), во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13076, бројката на оздравени пациенти е 9625, на починати е 551, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2900. Денеска се евидентираат два контролни теста од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5502, активни 917
• Куманово 1312, активни 301
• Дебар 227, активни 67
• Штип 1072, активни 249
• Прилеп 373, активни 42
• Тетово 1155, активни 155
• Струга 529, активни 175
• Велес 247, активни 28
• Битола 187, активни 68
• Охрид 315, активни 72
• Кавадарци 161, активни 106
• Гостивар 687, активни 296
• Гевгелија 31, активни 13 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 7 на Богданци)
• Струмица 54, активни 25
• Крива Паланка 30, активни 5
• Радовиш 38, активни 10
• Крушево 16, активни 1
• Кочани 128, активни 27
• Пробиштип 71, активни 19
• Демир Хисар 60, активни 36
• Македонски Брод 65, активни 36
• Пехчево 8, активни 2
• Берово 17, активни 8
• Валандово 7, активни 1
• Виница 58, активни 43
• Делчево 18, активни 13 (5 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 15, активни 1
• Свети Николе 264, активни 55
• Кичево 247, активни 116
• Ресен 146, активни 1
• Неготино 36, активни 12 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1902 теста се преку: ИЈЗ-545, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-242, Биотек-370, МАНУ -94, Жан Митрев (Филип Втори)-335, Систина со PCR метода -184, Судска медицина -7, ЦЈЗ Битола-72, Инфективна клиника-16, ГАК-13, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 130.840 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6 деца позитивни и 2 мајки и 2 деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 73 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 113 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 126
• Аеродром – 116
• Гази Баба – 116
• Карпош – 92
• Центар – 86
• Кисела Вода – 81
• Бутел – 68
• Ѓорче Петров – 64
• Шуто Оризари – 45
• Студеничани – 30
• Сарај – 28
• Арачиново – 17
• Илинден – 12
• Сопиште – 10
• Чучер Сандево – 7
• Петровец – 7
• Зелениково – 5
• Странец – 3
• Нераспределен – 4

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Љутков во Вин-Вин: Да го дадеме културното наследство на приватниот сектор да може да прави бизнис од него

Дејан Дејан

Се роди женско пони – 30 бебиња животни во последните 30 дена во ЗОО Скопје

Дејан Дејан

Второодделенци со тупаници во ред за оброк – родителите бараат одговорност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе