Економија Топ вести

Блокирани над  100.000 сметки во Еуростандард банка – граѓаните не можат да си подигнат пензии, плати, социјална помош

Имаат пари на сметка, не можат да си подигнат. Затворањето на Еуростандард банка остави без пари над 100.000 граѓани кои примале плата, пензија, социјална помош, потврдија за Телма од Банката. Револтирани дел од нив денеска бараа решение пред вратите на Еуростандард , кои уште вчера беа пломбирани од Народната банка. Граѓаните лути, велат немаат резервни приходи за да го преживеат месецов.

Од Фондот за осигурување на депозити велат дека граѓаните би требало своите месечни заработки но и штедните влогови ги добијат за максимум 20 дена. Во меѓувреме Народната банка ги извести  да отворат транскациски во други банки и да ги известат ПИОМ, социјалното и работодавецот дека приходот  треба да го префрлат кај друга банка. Но граѓаните треба да добијат исписница од Еуростандард, за да одат во друга банка. Директорот на Фондот Хаџиев, вели нема простор за паника, се ќе се среди во законските рокови.

Во моментов е започната процедура за избор на банка, се чека назначување на стечајниот управник. Стечајнит управник треба да направи финален записник и список на вкупни депозити и да договориме на кој начин ќе ги подигнуваат потврдите за сопственост на депозити, вели Хаџиев

На над 136.000 граѓани кои треба да им бидат исплатени околу 72 милиони евра.Тоа се тие кои имале штеден влог до 30.000 евра кој влегува во обештетувањето, како и другите лица кои имале пари на сметка во банката. Останатите 780 депоненти кои имале депозит над 30.000 евра останатиот износ ќе треба да го побаруваат од стечајната маса. Исто како и тие кои имале пари во сеф во банката.

ВМРО-ДПМНЕ пак ја повикаа мнистерката за финансии Ангеловска да каже кога повлекла 250.000 евра од Еуростандард банка., по што Ангеловска демантираше дека парите ги повлекла по добиена информација дека банката ќе ја изгуби лиценцата за работа. Рече промените се направени пред подолг период и потенцираше  дека НБРМ е независна институција и нема никаква врска со Владата.

Во повеќе наврати беа пласирани лажни вести во обид да го нарушат угледот и репутацијата на министерката за финансии. Очекуваме дека медиумите кои се информатор на граѓаните и кои носат одговорност во вакви ситуации кога пласирале непроверена и неточна информација ќе делуваат навремено и истата ќе ја повлечат, а воедно ги охрабруваме слободно да ги проверат информациите од Државната комисија за спречување на корупција, вели министерката ангеловска.

„Телма“ ја праша и Антикорупциска кога се направени промените во анкетниот лист на министерката. Од таму потврдија дека министерката лани во септември во првиот анкетен лист имала речиси 250.000 евра во Еуростандард. Првите повлечени пари околу 130.000 евра ги пријавила во анкетниот лист на крајот на јануари, за кои пријавила дека купила удели во инвестициски фонд. Последната промена е направена на 24  јуни.

Последната измена е направена на 24 јуни 2020 година, и со оваа промена таа всушност ги повлекла девизните средства, така што од состојба од 51.233 евра сега на сметката има состојба од 534 евра, а на денарската сметка повлечени се 3.694. 987 денари така што состојбата на денарската семтка сега е 481.420 денари. Со повлечените средства министерката купила стан кој исто така  е пријавен во анкетниот лист. – изјави Ивановска.

Слаѓана Тасева од Транспарентност ги повика институциите да ги испитаат сите сомнежи дали и кој повлекувал пари во периодот пред затворањето на банката.

Од Фондот  за „Tелма“ потврдија  дека последните месеци има промени кај повисоките депозити од 30.000 евра кои граѓаните почнале да ги повлекуваат.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пендаровски поразен во Центар, Карпош и Кисела Вода, единствено води во Крушево и Маврово и Ростуша

Дејан Дејан

Пендаровски: Со никого нема да правам договор за механичко префрлување на гласови, оние кои не излегоа денеска, ги охрабрувам да излезат на 8 мај

Дејан Дејан

Османи: Фронтот за Европа станува голема локомотива за европската иднина на нашата држава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе