Македонија Топ вести

Село или град нема разлика – секаде исто се чека одлуката за учебната година

Дали е голема градска средина или помало, планинско место – учениците секаде се исти. Неизвесно е дали за дваесет дена ќе го слушнат училишното ѕвонче или пак ќе симулираат училница преку електронски уреди.

Телма беше во посета на едно од местата коишто се на околу 900 метри надморска височина и се изолирани од градската врева, но и таму бројат ситно до први септември.

На 23 километри од центарот на Скопје, со 1300 жители, селото Цветово е место каде што училишната зграда е една од последнореновираните, а веројатно и најмодерни објекти коишто се наоѓаат тука.

Ниту во Цветово не им е сеедно што ќе одлучи Министерството за образование и наука.

Свесни се за новонастаниот проблем со коронавирусот кој буквално го промени светот во изминатите месеци. Но, нивната средина како и многу други места има друг горлив проблем кој трае многу повеќе време.

Товарот на онлајн-наставата е преголем во средина каде што многу од децата, дури 70% од околу 140 ученици во Цветово ниту имаат компјутер, ниту пак знаат да ракуваат со таков уред.

„Во подрачните училишта, како што е училиштето во Цветово, родителите на учениците се претежно социјално-загрозени и немаат услови. Немаат компјутери, немаат смарт-телефони, немаат ниту интернет. Ние минатата учебна година испративме еден список на ученици до Министерството за образование со надеж дека ќе ни помогнат со таблети и други работи меѓутоа од тоа нема ништо до денес, освен што делеле некои картички за интернет“ изјави Кенан Имери – Директор на ОУ „Алија Авдовиќ“.

„Санитарни услови во училиштето има, а вирусот не не плаши“ – ни рече хигиеничарот на училиштето кој беше со нас, но не сакаше да се снима.

„Пандемијата ќе помине, видете го патот каков е“ ја сподели маката негова и на неговите сограѓани додека не испраќаше од училиштето.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Како се случи 10.000 регистрирани членови да не го остварат правото на глас? – Деспотовски бара одговори од ЦИК за изборите во СДСМ

Дејан Дејан

Филипче: Нема да делам, туку ќе обединувам, сигурен сум дека СДСМ повторно ќе победува

Дејан Дејан

Венко Филипче, нов лидер на СДСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе