Ковид19 Македонија

Во Јуручките села на Плачковица нема корона

Трети ден е тивко и на нивите меѓу редовите со тутун ги нема вредните домаќинки со шарените и автентентични носии. Жителите на подплачковичките села го слават Куран Бајрам, домаќинките гордо ги нудат своите торти и баклави, а најмалите се радуваат, кога ги бакнуваат рацете на возрасните. Во селото Калузлија живеат околу 400 граѓани од јуручкиот етникум. Овие луѓе не ги плаши короната, иако Штип, кој е корона жариште е на само неколку километри од нивните домови. Живеат сами, ретко кој ги посетува, но сепак ги почитуваат препораките, ако некој случајно им залута во селото.

Ги имаат сите услови за нормален живот, затоа се уште никој и не се иселил од ова село. Деновиве по овој пат е раздвижено кој води до планината Плачковица, каде што има убав планинарски дом и викенд населби. Сопствениците на викендички кои со години не ги посетиле, оваа година со карантините им станаа втори домови, а во селото Вртешка веќе пет стари и напуштени куќи добија нови сопственици. На терен се гради и подобрува патната инфраструктура.

Плачковица нуди скриени убавини, а интересна е за планинарите, рекреативци и авантуристи. Ретко кој ги видел убавите пештери, неколкуте кањони и прошетал од мапираните патеки.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма дознава: За 30-тина избирачки места во 5-тата изборна единица ќе има приговори од коалицијата на СДСМ и ЛДП

Дејан Дејан

Ахмети со најубедлива победа, Пендаровски со најголем пораз во своето маало

Борел и Вархеи и честитаа на Силјановска Давкова и повикаа да се исполнат обврските за ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе