Избори 2020 Македонија Топ вести

Отворена можноста пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ да преминат во противничкиот табор?!

Сите опции се отворени, па и можноста дел од пратениците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, да преминат во другиот табор, прогнозираат аналитичарите, коментирајќи ги претстојните преговори за влада.  Очекуваат на политичката сцена да остане тивко, како што е деновиве. Професорот Никола Дујовски не гледа некои посебни недоразбирања меѓу партиите, оттаму и не очекува поразениот да не прифаќа формирање на влада како во 2016-та. Убеден е дека следи многу помирен период и прифаќање на резултатите такви какви што ќе бидат. Смета дека претседателот Пендаровски нема да го следи примерот на неговиот претходник и дека ќе му даде мандат за формирање на влада на тој што ќе приложи гаранции дека има обезбедено мнозинство од 61 пратеник.

Во денешното интервју за А1ОН, Заев не открива детали за можното коалицирање, велејќи дека ќе разговара со сите партии што се подготвени да го прифатат европскиот и демократски концепт. За Мицкоски вели дека е аутсајдер кој „кукавички се сокрил во белата палата„. Не коментира ниту за ДУИ, велејќи само дека мандатот го добива првопласираната, а не третопласираната партија. Најави дека, по враќањето од одмор во август ќе го заокружи изборниот процес. Собранието ќе биде ставено во функција, ќе биде формирана влада, а наесен ќе бидат целосно активни и сите други институции.

Синоќа и Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го овласти Мицкоски да се обиде да состави влада. Ахмети засега останува на ставот Зибери да биде премиер, но не ги затвора сите врати. Единствено од Алијанса за Албанците се децидни дека е невозможно тие и ДУИ да се најдат во иста влада. Таквата коалиција ја нарекоа „хибрид што нема да функционира„.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

И Пендаровски и Силјановска Давкова ќе ги прифатат уставните измени доколку бидат изгласани во Собранието

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе