Вести Македонија Топ вести

Се нормализира состојбата во Тетово

Состојбата по невремето во тетовскиот регион полека се нормализира, но штетите кои ги претрпеа жителите се големи. Остатоците од кал и песок од поплавените објекти граѓаните сами ги отсрануваа откако водата се испумпуваше, по што остана оштетена покуќнина, алати, но и автомобили. Речиси сите повици до Центарот за управување со кризи биле токму од граѓани кои сакале да пријават штета, но оттаму го препраќале до општините.

Од тетовската локална самоуправа велат штетите на имот да се пријават кај нив, а потоа проценка ќе врши Комисија.

 

 

„Треба да дојдат тука, да подигнат барање и истото пополнето да го достават до Архивата на Општина Тетово и да ја наведат штетата на нивниот имот, притоа треба да приложат и документи. Потоа Комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди при Општина Тетово ќе оди на терен и ќе ја проверува штетата. Потоа барањата ќе одат на одобрување во Советот на општина Тетово“изјави  Милена Вучевска, портпарол на општина Тетово

Во општина Јегуновце, првичните проценки се дека околу 80 домаќинства, претежно во селото Сиричино, имаат големи штети во нивните домови, додека земјоделските посеви се 100 отсто уништени во повеќе населени места. Kомисијата за проценка е веќе на терен.

Во рок од 10 дена апелирам до секој којшто е оштетен, не само од Сиричино, од сите населени места да се обратат до Општината, до Комисијата за проценка на штети и да бидат сите уредно попишани. Исто така апелирам до надлежните институци да пристапат кон овој проблем и на нашите сограѓани д аим излезат во пресрет во овие лоши моменти“.изјава Димитар Костадиноски, градоначалник на општина Јегуновце

Помош од надлежните институции побараа и земјоделците кои имаат ниви во тетовско Фалише, затоа што голем дел од посевите се уништени, а велат веќе е доцна за повторна сеидба. Од тетовската Подрачна едница на ресорното Министерство велат чекаат Влада да одлучи како да постапат.

„Ние како Подрачна единица на Министерство за земјоделство бевме на терен, видовме дека има огромни штети. Знаеме дека општините не ги покриваат штетите туку Владата и затоа треба да чекаме владина одлука за да делуваме натаму“.*изјава Африм Сејрани, Подрачна единица на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Тетово

По силното невреме во неделата попладне тетовските пожарникари интервенирале во 43 објекти и на некои критични точки каде имаше големи акумулации на вода. И звлекуваа и семејство во Сирично чија куќа беше поплавена, како и возачи кои останале заглавени во своите автомобили.

 

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прва смена меѓу кадрите на претседателот – Силјановска го разреши Муслиу, директорот на Разузнавање тврди дека тргнала партиски, а не законски

Дејан Дејан

Секаде каде што мора, ќе го почитуваме уставното име, но никој не може да ви забрани да ја нарекувате државата како што сте учеле – Димитриевски во „Топ тема“

Дејан Дејан

Ме разреши без да се сретнеме на брифинг, попушти пред партиски притисоци наместо да работи по законска оправданост и мерит систем како што говореше, сментиот директор на Разузнавање за потегот на Силјановска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе