Вести Македонија Топ вести

Државните институции немаат капацитет да лоцираат што стои во позадина на повремено нефункционалните државни веб-страници

Колку е безбеден македонскиот сајбер простор?  Државните ревизори одново го наметнаа прашањето, откако во последниот извештај алармираа дека само една институција поседува сертификат за информациска безбедност од оние кои одговориле на прашалникот.

Загрижувачки мала е заштитата на критичните информациски системи – Институциите сериозно потфрлиле со човечките ресурси.

Безмалку 70 отсто од нив немаат формирано тимови за одговор на компјутерски инциденти.

Ако пак се случи хаварија на крајот од работниот ден, голема е веројатноста ИТ инженерите да се на пладневна дремка, бидејќи 87% од институциите  воопшто не утврдиле обврска за нивно ангажирање надвор од работното време.

Ревизорите со забелешки и за процентот на инвестиции во сајбер безбедноста – Од преку три  милијарди евра вредни договори склучени во период од околу 4 години, незначително мал процент завршил во овој сектор.

Алармантиот податок на ревизорите е проследен со совет до институциите дека на финасирањето во овој сектор треба да гледаат како на инвестиција, а не на трошок.

„69.504 договори во вкупна вредност од 205 милијарди денари (над 3 милијарди евра), од кои само за набавки чии предмет на набавка е од областа на информациската безбедност, склучени се 283 договори со 61 економски оператор во вкупна вредност од 377 милиони денари, што претставува 0,18% од вкупната вредност на склучените договори.“

Сајбер криминалци за лично богатење или таканаречена хибридна војна? Прашањата останаа делумно да лебдат.

Како завршија уцените за тргување со чувствителни податоци, кои водеа до откуп во кој во игра беа и криптовалути.

Во неколку наврати владниот врв во нападите препозна хибридна војна. На хакираниот владин сајт беа поставувани линкови за продажба на облека, а преку сајтот на Бирото за јавни набавки се копаа криптовалути.

Меѓу хакерските напади загрижувачки долго траеше оној на Фондот за здравствено осигурување, а паднатиот сајт на Државната изборна комисија во моментот кога требаше да се објават првичните резултати од предвремените параламентарни избори разбуди сериозни сомнежи за местење резултати.

Со сајбер напади се соочија и Министерствата за образование и за земјоделство,а некои хакерски подвизи воопшто не се регистрирани, бидејќи нема правна регулатива за задолжително пријавување.

Весна Дојчиновска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прва смена меѓу кадрите на претседателот – Силјановска го разреши Муслиу, директорот на Разузнавање тврди дека тргнала партиски, а не законски

Дејан Дејан

Секаде каде што мора, ќе го почитуваме уставното име, но никој не може да ви забрани да ја нарекувате државата како што сте учеле – Димитриевски во „Топ тема“

Дејан Дејан

Ме разреши без да се сретнеме на брифинг, попушти пред партиски притисоци наместо да работи по законска оправданост и мерит систем како што говореше, сментиот директор на Разузнавање за потегот на Силјановска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе