Вести Најважни Свет

Севернокорејска ракета го надлета јапонското копно, во Јапонија прогласена тревога

Северна Кореја денеска лансирала балистичка ракета што го прелетала јапонското копно, соопштија властите во Токио кои за првпат по пет години издадоа наредба за евакуација на граѓани.

До граѓаните на островот Хокаидо била испратено предупредување да се засолнат додека ракетата го прелетувала јапонското копно, пред да заврши во водите на Тихиот Океан.

Токио соопшти дека не биле преземени одбранбени мерки за уништување на ракетата, прва што прелета над јапонските острови од 2017 година.

„Серијата активности на Северна Кореја, вклучително и повторените лансирања на балистички ракети, го загрозуваат мирот и безбедноста на Јапонија, регионот и меѓународната заедница и претставуваат сериозен предизвик за целата меѓународна заедница, вклучително и Јапонија“, рече владиниот портпарол Хирозаку Мацуно.

Јапонскиот премиер „варварски“ го нарече чинот на Пјонгјанг.

Главниот штаб на јужнокорејската армија објави дека се чини дека станува збор за ракета со среден дострел лансирана од севернокорејската провинција Јаганг, од каде Пјонгјанг врши пробни лансирања ракети, вклучително и неколку за кои тврдеше дека се „хиперсонични“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екоорганизации бараат Владата итно да ги повлече концесиите за геолошки истражувања во 27 општини – предупредуваат дека се крши законот за минерални суровини

Tea Dimkovska

Расте интересот на читателите за класиците

Дејан Дејан

Левица: Пропадна можноста за суштински изборни реформи, ДПМНЕ и СДСМ си обезбедија 10 милиони евра за политичка пропаганда

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе