Компаниите кои штедат енергија и кој имаат сериозни проблеми ќе ја добијат владината поддршка, банките, казината, рудниците, нема да бидат помогнати, вели министeрот за економија Крешник Бектеши.
Очекува до крајот на неделава да биде објавена листата на мерки со кои ќе бидат поддржани фирмите.
И додека се чека поддршката, дел од големите индустриски капацитети поради високите трошоци за струја го запреа произвoдствотo, дел пак најавуваат дека тоа ќе се случи во скоро време.
Во однос на изјавите на БЕГ дека немаат законска обврска да обезбедуваат парно греење за скопјани Бектеши е дециден дека БЕГ има обврска да испорачува топлинска енергија додека ЕСМ не ги добие потребните лиценци.
Тој се повика на законот за управување со кризи каде во членот 33 стои дека државата може да го преземе работењето на компанијата како што Германија направи пред неколку дена кога национализираше компании за увоз на гас.
