Вести Македонија Најважни

Бектеши потсети дека државата може да го преземе управувањето со БЕГ во услови на кризна состојба

Компаниите кои штедат енергија и кој имаат сериозни проблеми ќе ја добијат владината поддршка, банките, казината, рудниците, нема да бидат помогнати, вели министeрот за економија Крешник Бектеши.

Очекува до крајот на  неделава да биде објавена листата на мерки со кои ќе бидат поддржани фирмите.

И додека се чека поддршката, дел од големите индустриски капацитети поради високите трошоци за струја го запреа произвoдствотo, дел пак најавуваат дека тоа ќе се случи во скоро време.

Во однос на изјавите на БЕГ дека немаат законска обврска да обезбедуваат парно греење за скопјани Бектеши е дециден дека БЕГ има обврска да испорачува топлинска енергија додека ЕСМ не ги добие потребните лиценци.

Тој се повика на законот за управување со кризи каде во членот 33 стои дека државата може да го преземе работењето на компанијата како што Германија направи пред неколку дена кога национализираше компании за увоз на гас.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Триглав станува сопственик на удел во една од водечките приватни здравствени групации во Хрватска  

Дејан Дејан

ОЈО: Oбвинението против Латас застаре поради супервештачење нарачано од Кривичен

Дејан Дејан

Сергеј Корецки е нов премиер на Украина

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе