Џорџа Мелони е првата жена премиер на Италија. И на чело на најдесничарската влада која ќе ја води Италија по владеењето на Мусолини во Втората светска војна. Десниот блок кој го води партијата „Браќа на Италија“ освои уверлива победа и во долниот и во горниот дом на италијанскиот парламент. Во коалција со неа се Форца Италија на Силвио Берлускони, и крајно десничарската партија Лига на Матео Салвини.
Мелони успешно ја ребрендираше својата партија во доминантна политичка сила во земјата, а да не ги отстрани нејзините постфашистички корени. Тврдокорна конзервативна социјална политка на оваа 45-годишна новинарка застраши многумина во Брисел. И покрај засилениот безобразен тон на кампањата, победничкиот говор на Мелони беше прилично скромен.
- Сметам дека ситуацијата во која се наоѓа Италија и ситуацијата во која се наоѓа EУ, ситуацијата со која треба да се справиме во целина е особено сложена ситуација која на тој начин бара придонес од секого, мирна клима која го задржува тоа меѓусебното почитување кое е основа на дијалогот во секој демократски систем. Ако бидеме повикани да управуваме со оваа земја, тоа ќе го направиме за сите Италијанци, за сите. Со цел да го обединиме овој народ, да го нагласиме она што повеќе обединува отколку што разделува, порача Мелони.
Мелони е родена Римјанка и политички активна уште од 15 години кога беше дел од националистичкото социјално движење. На 19 години изјави дека Мусолини бил добар политичар зашто се што правел, било за Италија. Од основањето на „Браќа на Италија“ се качуваше кон врвот. Разочарани од традиционалните победи на левичарите, Италијанците ја гледаа како единствениот стабилен излез од кризата и затоа и даваат шанса.
- Г-ѓа Мелони има корени од крајната десница и води десничарска партија која пред само неколку години беше многу оддалечена од идејата да ја води земјата и да биде најголемата партија. Ова на некој начин ви покажува дека италијанскиот електорат сакал да и даде некаква можност, смета Лоренцо Преглиаско, политички аналитичар
Она од што стравува Западот е промена на позицијата на Италија за Украина. Мелони, идеолошки до неодамна го поддржуваше Путин, фалејќи го дека ги бранел европските вредности. Иако се повлече од јавните фалби, тоа не го сторија нејзините коалициски партнери, Берлускони и Матео Салвини кои се путинофили. Но, Мелони е горда на својот статус на аутсајдер. Противничка е на абортусот и истополовите бракови, а личниот бренд го формираше пред три години кога нејзините зборови беа измонтирани.
Излезноста на овие избори во Италија е драматично најниска, речиси 65%, што и даде сила на десницата. Во честитките за Мелони европските земји се уште се воздржани. Полска честиташе прва, Фрнација не беше ентузијастична, додека Шпанија порача дека изборниот резултат е катастрофа.
Алиса Шутиноска
