Вести Најважни Свет

Поддржувачката на Мусолини и Путин победи на изборите во Италија, Џорџа Мелони прва жена премиер

Џорџа Мелони е првата жена премиер на Италија. И на чело на најдесничарската влада која ќе ја води Италија по владеењето на Мусолини во Втората светска војна. Десниот блок кој го води партијата „Браќа на Италија“ освои уверлива победа и во долниот и во горниот дом на италијанскиот парламент. Во коалција со неа се Форца Италија на Силвио Берлускони, и крајно десничарската партија Лига на Матео Салвини.

Мелони успешно ја ребрендираше својата партија во доминантна политичка сила во земјата, а да не ги отстрани нејзините постфашистички корени. Тврдокорна конзервативна социјална политка на оваа 45-годишна новинарка застраши многумина во Брисел. И покрај засилениот безобразен тон на кампањата, победничкиот говор на Мелони беше прилично скромен.

  • Сметам дека ситуацијата во која се наоѓа Италија и ситуацијата  во која се наоѓа EУ, ситуацијата со која треба да се справиме во целина е особено сложена ситуација која на тој начин бара придонес од секого, мирна клима која го задржува тоа меѓусебното почитување кое е основа на дијалогот во секој демократски систем. Ако бидеме повикани да управуваме со оваа земја, тоа ќе го направиме за сите Италијанци, за сите. Со цел да го обединиме овој народ, да го нагласиме она што повеќе обединува отколку што разделува, порача Мелони. 

Мелони е родена Римјанка и политички активна уште од 15 години кога беше дел од националистичкото социјално движење. На 19 години изјави дека Мусолини бил добар политичар зашто се што правел, било за Италија. Од основањето на „Браќа на Италија“ се качуваше кон врвот. Разочарани од традиционалните победи на левичарите, Италијанците ја гледаа како единствениот стабилен излез од кризата и затоа и даваат шанса.

  • Г-ѓа Мелони има корени од крајната десница и води десничарска партија која пред само неколку години беше многу оддалечена од идејата да ја води земјата и да биде најголемата партија. Ова на некој начин ви покажува дека италијанскиот електорат сакал да и даде некаква можност, смета Лоренцо Преглиаско, политички аналитичар

Она од што стравува Западот е промена на позицијата на Италија за Украина. Мелони, идеолошки до неодамна го поддржуваше Путин, фалејќи го дека ги бранел европските вредности. Иако се повлече од јавните фалби, тоа не го сторија нејзините коалициски партнери, Берлускони и Матео Салвини кои се путинофили.  Но, Мелони е горда на својот статус на аутсајдер. Противничка е на абортусот и истополовите бракови, а личниот бренд го формираше пред три години кога нејзините зборови беа измонтирани.

Излезноста на овие избори во Италија е драматично најниска, речиси 65%, што и даде сила на десницата. Во честитките за Мелони европските земји се уште се воздржани. Полска честиташе прва, Фрнација не беше ентузијастична, додека Шпанија порача дека изборниот резултат е катастрофа.

Алиса Шутиноска 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сергеј Корецки е нов премиер на Украина

Kristina Kuzmanovski

Пропаднатиот пат кај Тефериќ се префрла во надлежност на Министерството за транспорт – општина Кисела Вода и Град Скопје немаат можности и капацитети да го санираат

Дејан Дејан

Украинците протестираат поради разрешувањето на министерот за одбрана

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе