Вести Најважни Свет

Светот се прости од најдолговечниот монарх, кралицата Елизабета Втора

Со музика од нејзиниот личен гајдаџија, ковчегот со кралицата Елизабета Втора вечерва беше спуштен во семејната гробница во капелата Свети Џорџ во Виндзор, на кралицата речиси приватна капела каде таа често се молеше. Последната богосолужба за јавноста ја водеше деканот на Виндзор, укажувајќи дека за време на 70 години владеење, Елизабета успеа да им се прилагоди на сите предизвици што ги донесе векот во кој живееше.

  • Во екот на брзо променливиот и често проблематичен свет, нејзиното мирно и достоинствено присуство ни ја даде довербата да се соочиме со иднината, како што правеше таа, со храброст и надеж, рече отец Дејвид Конер, декан на Виндзор. 

Потоа од ковчегот беа отстранети државна круна, топката и жезолот. Предметите му се даваат на деканот од Виндзор и тој ги става на високиот олтар. Овие церемонијални традиции го симболизираат крајот на владеењето на кралицата, додека таа за последен пат се разделува од својата круна. Лордот Чембрлен, Баронот Паркер церемонијално го скрши својот стап и го стави врз ковчегот, означувајќи крај на неговата служба кај кралицата.

Хорот на капелата Свети Џорџ ја испеа и британската химна, на која кралот Чарлс Трети видно се вознемири.

Илјадници луѓе го следеа крајот на долгото патување на кралскиот ковчег, од Шкотска до Англија, да го кажат последното збогум на најдолговечниот монарх во историјата. Долг беше овој ден за многумина кои ја сакаа Елизабета, и покрај нејзиното долго владеење денеска беа неутешни и расплакани. И покрај тоа што немаше конкретна моќ, за Британците секогаш ќе биде врската со која ќе се одредува нивниот национален идентитет.

  • Ми се допаѓаше тоа што кралицата ја делеше својата вера и мислам дека е добро тоа да го почитуваме. Таа како личност, како кралица, која води преку пример и духовно говори во она што верува без да се плаши. Мислам дека сите добија многу од тоа.

Со беспрекорната британска прецизност погребот на кралицата Елиазабета  е еден од оние настани кои остануваат во сеќавање. Спектакуларн церемонијал со совршена организација.

  • Беше многу долго, беше емотивно, многу посебна прилика бидејќи ова никогаш нема да се повтори во нашиот живот. Беше навистина убаво да се види и да се види почитта што луѓето ја имаат кон неа и љубовта што ја имаат кон неа. Беше импресивно, вели Алисон Хансон, која допатувала од САД за погребот.

Ковчегот со телото на Елизабета Втора лежи во капелата Свети Џорџ веднаш до гробот на нејзиниот сопруг Филип. Обединетото Кралство е уставна монархија, и затоа власта на кралицата беше ограничена, но тоа денеска се покажа дека не е така. Иако беше тивка, сепак историјата ќе ја памети и како жесток борец кога беше потребно. А на многу жени им покажа дека можат да бидат и женствени, но и моќни.

Алиса Шутиноска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

Kristina Kuzmanovski

Косовски државјанин со возило влечеше цариник на Блаце и побегна – уапсен е во Скопје

Дејан Дејан

АХВ: Нови жаришта на сипаници кај овци и кози

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе