Вести Македонија Најважни

ВМРО ДПМНЕ ќе поддржи уставни измени ако се напушти Договорот за добрососедство?!

Се додека не се напушти Договорот со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени, изјави денеска на брифинг со новинарите Христијан Мицкоски, претседател на опозициската партија.

Мицкоски беше дециден дека тие не се против тоа Бугарите да бидат дел од Уставот, но потенцира дека договорот е асимилаторски и треба да се напушти.

ВМРО-ДПМНЕ синоќа го објави референдумското прашање „Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија“. Потписите ќе почнат да се собираат утре напладне, а според најавите на Мицкоски први на листите ќе бидат потпишани пратениците од ВМРО ДПМНЕ. За да има референдум треба да се соберат 150.000 потписи и да помине собраниската процедура.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ верува дека ќе нема опструкција во Собранието и оти иницијативата ќе помине таму. Очекувањата се дека референдумот би се одржал напролет, а за тој да биде успешен потребни се 910.000 гласови.

Мицкоски го повтори ставот дека со Договорот за пријателство со Бугарија е нападнат македонскиот идентитет и дека нашиот напредок во преговорите со ЕУ ќе зависи од преговорите на историската комисија.

Доколку референдумот е успешен и треба да се напушти Договорот со Бугарија, Мицкоски рече дека може да се преговара за нов договор, но и дека преговорите со ЕУ може да продолжат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе