Вести Македонија Најважни

Советот за безбедност ќе расправа за енергетската криза

На дневен ред на Седницата ќе биде енергетската криза во Република Северна Македонија и мерки за нејзино надминување.

На Седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координацијата на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими и министерот за економија, Крешник Бектеши.

По завршувањето на седницата на Советот за безбедност, кој започнува во 11 часот, претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Владата, Димитар Ковачевски ќе одговараат на новинарски прашања.

Бугарија ќе ја снабдува Македонија со струја

Владата ќе направи сѐ за да обезбеди на стопанството цена на електрична енергија која ќе биде оптимална на овие услови, да биде под берзанската цена и да биде издржлива за стопанските субјекти, изјави вчера во Софија премиерот Ковачевски по работните состаноци со бугарскиот премиер Донев и претседателот на Бугарија Радев во Софија.

Премиерот Ковачевски истакна дека ова треба да се реализира со формирање на работна група и други активности со Република Бугарија и соодветните тела во Европската Комисија бидејќи Бугарија е членка на ЕУ за да може да се комплетира тој дел.

„Исто така македонскиот бизнис имаше барање да не бидат прекинати меѓународните текови на трансфер на електрична енергија бидејќи во минатото тоа се има случувано во три наврати во прилично долги периоди меѓу Бугарија и Северна Македонија. И тоа беше предмет на разговор. Она што го имаме сметаме дека, ако се ова се реализира според динамиката и целите кои се зададени дека ќе може стопанството да има цени кои ќе бидат прифатливи и соодветни на она што одговара на нивните производствени и услужни процеси”, рече Ковачевски.

Премиерот посочи дека очекувањата се за максимум 2 недели да се дојде со одреден предлог кој предлог мора да биде соодветен на легислативите на Бугарија и на Северна Македонија и на ЕУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе