Вести Македонија Најважни

Македонија ќе учи од хрватското искуство во преговорите со ЕУ

На покана на заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, од денеска во дводневна посета на Скопје ќе престојува поранешниот преговарач на Хрватска со Европската Унија, Владимир Дробњак.

Како што соопшти СЕП, експертот Дробњак искуствата на Хрватска во овој дел ќе ги пренесе низ низа состаноци кои ќе ги одржи денеска и утре со членовите на телата од преговарачката структура, која вчера беше усвоена на седница на Влада.

Дробњак и вицепремиерот Маричиќ денеска ќе имаат координативен состанок, по кој следуваат состаноци со координаторите на кластери и министри задолжени за кластери и Работна комисија за евроинтеграции со државните секретари на институциите.

Искуството на Хрватска во процесот на пристапување, новата методологија и преговарачка рамка и процедурите за преговори, Дробњак ќе го претстави и пред раководната структура на Секретаријатот за европски прашања.

Дополнително хрватскиот експерт Дробњак ќе оствари и средби со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

-Поранешниот хрватски главен преговарач, Владимир Дробњак, доаѓа во време кога Северна Македонија прави интензивни подготовки за почеток на преговарачкиот процес. Неговата експертиза ќе има значаен придонес во процесот на интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ и ќе биде трансфер на знаење за македонските преговарачки тимови, наведуваат од СЕП.

Дробњак ги водеше пристапните преговори на Хрватска со Унијата, од самиот почеток па сè до крајот во 2013 година, а беше и првиот амбасадор на ЕУ, Шеф на постојаното претставништво на Хрватска во Брисел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе