Буигарија ќе испорачува околу 5 гигавати струја дневно од почетокот на октомври до крајот на март идната година за да се ублажи енергетската криза во Македонија. Со ова ќе се обезбедни непречено снабдување со струја на индустријата, едно од клучните барања на бизнис секторот во државата.
Ова е начелно постигнатиот договор меѓу премиерот Димитар Ковачевски и неговиот колега Галаб Донев на денешната средба во премиерскиот кабинет во Софија.
За таа цел уште неделава ќе се формира работна група составена од претставници на министерството за економија, ЕСМ и бизнис секторот и нивните колеги од Бугарија односно од министерството за енергетика и државната комапнија за производството и дистрибуција на електрична енергија.
Кллучно е да се договори цената по која ќе се откупува струјата од Бугарија, договорот мора да биде постигнат во наредните петнаесетина дена, а цената според најавите би била пониска од берзантската но во согласност со бугарските и ЕУ легислативи.
Ако се ова се реализира според динамиката и целите кои што се зададени сметам дека ќе можеме, ќе може стопанството да има цени кои што ќе бидат прифатливи и соодветни на она што одговара на нивните производствени и услужни процеси, изјави од Бугарија премиерот Димитар Ковачевски.
Договор е постигнат и околу снабдувањето со гас. Бугарија ќе отстапи дел од своите капацитети за складирање на гас кои потоа би се испочаувале во Македонија во зависност од потребоите. Покрај тоа договорен е уште еден интерконектор.
Ќе бидат постигнати договори за резервирање на одредени капацитети за складирање на природен гас во складиштата во Бугарија со што РСМ ќе може да користи од таму но и целосно да учествува во интерконекторот и во терминалот кој што се гради во Грција, порача техничкиот премиер Галаб Донев
Техничкиот премиер Галаб Донев најави и дека доколку се јави потреба Бугарија е подготврна да изгради дополнителни капацитетикаде што би се складирал течниот гас кој потоа по потреба би се дистрибуирал во Македонија
Премиерот Ковачевски која ја предводеше делгацијата во која беа и шефот на дипломатијата Османи, министерот за економија Бектеши и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски и претседателот на Стопанската комора Азески се сретнаа и со бугарскиот претседател Румен Радев а на средбата исто така се дискутирало за енергетската криза и евентуаланата помош од Бугарија.
За време на посетата премиерот КОвачевски го посети и Културно информацитвниот ценатр во Софија.
Огнен Чанчаревиќ
