Македонската женска фудбалска репрезентација попладнево во Скопје ја совлада селекцијата на Летонија со 3:2 и ја забележа втората победа во квалификациите за Светското првенство.
На денешниот дуел гостинките први стигнаа до предност откако во петтата минута Анастасија Росане ја погоди нашата мрежа.
Осум минути подоцна Наташа Андонова израмни на 1:1, а во 17-тата македонската најдобра фудбалерка од пенал ни донесе предност од 2:1.
Во 71-та минута од средбата Гентјана Рочи стрелаше прецизно за водство од 3:1, а конечните 3:2 ги постави Олга Шевцова во 79-тата минута.
ФОТО: Игор Паневски











