Вести Македонија Најважни

Невремето го поплави Скопје, причинета поголема материјална штета

Поплавени улици, паднати покриви од згради, откорнати дрва, поплавени подземни гаражи. Поширокото подрачје на Главниот град беше зафатено со обилни врнежи од дожд, а повици за помош пристигна од повеќе локации во градот.

Со оглед дека невремето почна во периодот кога во центарот на градот е сообраќаен пик, поплавените коловози го отежнаа движењето на возилата при што голем дел заглавија не некои од најкритичните точки, на подвозниците кај хотелите Александар палас и Континентал и кај стоковната куќа Мост.

Кај Континентал интервенираа и спасувачки екипи кои извлекуваа повеќе лица меѓу кои и деца. Повеќе возила и едно комбе беа поплавени кај Стоковната куќа „Мост“, каде 14 луѓе барале помош за извлекување.

Поплавен беше и градскиот трговски центар, а поради истекување на атмосферската канализација со вода се наполнија и подземните гаражи на трговскиот центар „Ист Гејт Мол“. Од менаџментот на трговскиот центар соопштија дека донеле одлука тој во моментов да биде затворен за јавност и да се евакуираат посетителите и вработените. Техничките служби и во текот на ноќта ќе работат на исцрпување на водата како и на санирање на штетите.

Невремето кое го зафати регионот на Скопје во попладневните часови на повеќе места откорна покриви од згради, туркаше билборди, а беа искршени и многу дрвја кои паднаа и врз автомобили, при што причинета е и поголема материјална штета.

Од Центарот за управување со кризи пак, велат дека до нив постојано пристигаат пријави од разни локации на градот. Од таму апелираат дека граѓаните треба да имаат разбирање оти службите интервенираат по приоритет.

Освен Скопје, од невреме попладнево беа зафатени и Штип, Велес, Демир Хисар, Свети Николе.

Ухмр најави дека нестабилното време ќе се задржи до петок, особено во попладенвните часови. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Битка за македонското столче во судот во Стразбур- 21 кандидат досега се пријавиле за функцијата која трае девет години

Дејан Дејан

„Од ВЛЕН остана лен“, Али Ахмети во Свиларе го прекина политичкиот молк, Мицкоски вели – односите во Владата се одлични

Дејан Дејан

Бејзароски во Топ Тема: Дискреционите права на министрите се извор на дискриминација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе