Територијата на општина Кавадарци во период од 19:30 до 20:00 часот била зафатена со силен дожд од околу 40 л на м2, а планинскиот дел на општина Кавадарци бил зафатен со град и дожд.
Првично, пријавени се 3 поплавени објекти (приземни простории и подруми), а интервенираат ЈКП Комуналец од Кавадарци и ТППЕ Кавадарци со вкупно 30 луѓе. Регистрирани се и наноси на улиците.
Во ридско-планинските села во реонот на место викано Бошавија има интензивни врнежи од дожд со град и ветер.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
