До девет часот во општина Маврово-Ростуше на гласање излегле 549 гласачи или излезноста е 5,52 отсто, а во Центар Жупа излегле 407 гласачи или 5,69 отсто. Во Тетово на изборите за општински совет до девет часот гласале околу 2,5% од запишаните избирачи.
Во Тетово има 13 советнички листи, во Маврово Ростуше има двајца кандидати за градоначалник, а во Центар Жупа еден камдидат.
Портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска на првата прес-конференција во Скопје информираше дека сите гласачки места се отворени навреме и дека гласањето се одвива тековно, без проблеми.
