Вториот по големина украински град Харков веќе трет ден е мета на најжестоките ракетни и артилериски напади од почетокот на војната. Според информациите на украинските воени сили во текот на ноќта градот бил напаѓан со повеќеракетни фрлачи и генерално непрецизното оружје кои предизвикаа уништување во големи делови од градот.
Градоначалникот Игор Терехов утринава соопшти дека во последните руски напади погодена е станбена зграда, како и инфраструктурен објект при што избувнал пожар.
Регионалната служба за итни случаи соопшти дека во бомбардирањата утрово загина едно лице.
Нападите биле извршени во три окрузи, а после тоа имало уште пожари, пренесува Интерфакс Украина. Се додава дека е зафатена зградата на еден од универзитетите, хангар на приватна фирма и куќа.
