Вести Македонија Најважни

Џафери упати честитка по повод Денот на АРМ

Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка до началникот на генералштабот на Армијата, генерал – потполковник Васко Ѓурчиновски и до припаднците на Армијата по повод 18 Август, Денот на Армијата.

-Во име пратениците во Собранието на Република Македонија и во мое лично име Ви го честитам 18 август, Денот на Армијата на Република Македонија Вам, на војниците од сите чинови, цивилните службеници во Армијата и на сите граѓани на Република Македонија, се вели во честитката од Џафери.

Во овие 30 години, се нагласува, припадниците на Армијата несебично се посветени на својата благородна задача – зачувување и обезбедување на интегритетот и суверенитетот на Република Македонија и секојневно придонесуваат во безбедноста и стабилноста на државата.

-Професионалноста која секојдневно ја покажувате е за особена почит и е пример за сите, затоа граѓаните имаат огромна доверба во капацитетите и подготвеноста на припадниците на Армијата. Имав чест и привилегија да бидам дел од Армијата и да придонесам во остварување на Евро – Атлантските цели на државата како офицер во АРМ, заменик министер и министер за одбрана – периоди од мојата кариера на кои со гордост се навраќам, посочува Џафери во честитката.

Нагласува дека подготвеноста и посветеноста на нашата Армија ги препозна и светот, преку рамноправното учество на нашите војници во меѓународните мировни мисии, успешната меѓународна соработка на Армијата во време на бегалската криза, па се до нашето долгопосакувано полноправно члество во НАТО во 2020 година, со што Армијата официјално го доби заслуженото место на активен чувар на светскиот мир.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе