Вести Најважни Свет

Човечка грешка најверојатно причина за несреќата во Бугарија, српскиот министер за здравство ги посети повредените

Човечка грешка најверојатно е причината за несреќата со српскиот автобус на автопатот Тракија. Ова е ставот на бугарските власти.  Заменик-јавниот обвинител и директор на Националната истражна служба на Бугарија Борислав Сарафов соопшти дека увидот покажал дека на тој дел од делницата нема други пречки и нерамнини кои би предизвикале скршнување на автобусот.

Водечката верзија за причината на несреќата на автопатот Тракија, додава, останува човечка грешка, а ваквите тврдења се поткрепени и со директни сведоштва од оние кои се возеле во автобусот.

Денеска министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, ги посети повредените по што информираше дека на еден од патниците му била ампутирана ногата.

„Еден човек беше опериран и не се работи за возачот за кој се шпекулираше дека му ја ампутирале ногата, туку за татко на дете кому му е ампутирана потколеница“, изјави Лончар за РТС.

Тој додаде дека две момчиња на возраст од десет и единаесет се на интензивна нега и ќе бидат префрлени во Софија.

„Другите деца се добро, ги посетив сите“, изјави Лончар.

Златибор Лончар и неговиот бугарски колега, Асен Меџидиев договорија транспортирање на повредените, уште денеска до бугарско-српската граница, каде што ќе ги преземат медицински екипи од Србија.

Автобусот кој превезуваше деца од фолклорен ансамбл од Србија излета во канал кај градот Стара Загора. Инцидентот се случил нешто после 20 часот, по локално време, на автопатот во правец на Софија. Во автобусот се превезувале вкупно 49 патници, од кои 38 биле деца, а 11 возрасни, кои се враќале назад кон Србија од фолклорен фестивал на Сончев Брег, на Црното Море.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе