Вести Најважни Свет

Четириесетина загинати и десетици повредени во пожар во Коптска црква во Египет

Најмалку 41 лице загинаа во пожар кој избил во Коптска црква во египетскиот град Гиза. Околу 5.000 верници се собрале во црквата Абу Сефеин во густо населената населба Ибаба, за време на неделната служба, кога избил пожарот. Црквата била преполна а пламенот го блокирал излезот, по што настанала паника. Според очевидци, голем дел од жртвите се деца, кои биле изгазени во стампедото по избивањето на пожарот.

Видов луѓе како скокаат од корните катови. Се задушија, се задушија, сите се мртви. Можеби 60 мртви, и има и деца, не знаевме како да стигнеме до нив. Не знаеме чив е овој син, или чија е оваа ќерка. Како е можно ова?, изјави очевидец на пожарот.

Според првичните индиции на истражителите, соопштени од страна на полицијата, причина за избивањето на пожарот е дефект на електричната инсталација, затоа што утврдиле дека пламенот започнал во клима уред на вториот спрат од црквата. Очевидци велат дека кога го забележале чадот внатре, настанала паника и луѓето паѓале еден врз друг по скалите обидувајќи се да избегаат надвор. Според министерството за здравство, во болниците во Газа и Каиро биле однесени најмалку 55 повредени од пожарот во црквата.

На долниот кат има градинка, и на вториот скат има градинка. Фала му на Господа што некој успеал да ги извади децата од долниот кат, некој вработен во црквата. Не знаел дека има деца и на вториот кат. Но кога започнаа викотниците и кога луѓето почнаа да излегуваат, влеговме внатре и видовме многу мртви, изјави еден очевидец.

И Канцеларијата на главниот јавен обвинител соопшти дека испратила тим инспектори за да ги истражат причините за пожарот.

Коптските христијани претставуваат речиси 10 проценти од вкупниот број жители на Египет, но се жалат на дискриминација и недоволна застапеност во јавниот и политичкиот живот на Египет, кој е доминиран од далеку побројната муслиманска заедница.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе