Вести Македонија Најважни

Македoнскиот леб е меѓу најскапите во регионот, цените и понатаму растат

Цената на лебот продолжува да расте. Одредени видови на леб деновиве се со повисоки цени во продавниците. Анализите покажуваат македонскиот леб е меѓу најскапите во регионот. Граѓаните реагираат дека секое пазарување се соочуваат со ново ценовно изненадување. Тоа го покажа и статистиката. Инфлацијата скокна за  16 отсто на годишно ниво. За само еден месец трошоците за живот пораснале за 1,9 отсто,  цените на мало за 2,5 отсто а пакет антикризни мерки се уште нема. Владата за сега со парцијални решенија спречува поскапувања.

Денеска на седница ги замрзнува  цените на огревното дрво и пелети до крајот на годината. Се ограничува трговската маржа за огревното дрво и пелети на 10 проценти. Ова следува по порастот на цените со што маржата кај пелетите надминува и 50 проценти во трговијата на мало.

Висината на трговска маржа најмногу до 10% за наведените стоки ќе важи за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на мало, а транспортот за испорака на стоките до крајните потрошувачи не се пресметува во висината на трговската маржа, информираат од Министерство за економија.

Така ако кубик огревно дрво даб макеоднски шуми ги продава за 3000 денари до склад малопродажната цена на трговците по кубик може да биде поголема за 10 проценти односно 300 денари плус транспрот .

За да се избегне зголемување на цената на сончогледовото масло за јадење владата го забрани и извозот на семе од сончоглед. Причината за ограничување на извозот на сончоглед, е да се овозможи по завршување на жетвата која треба да започне во втората половина на август, најпрво да се снабди домашниот пазар односно домашните капацитети на производство на масло од сончоглед за јадење велат од министерството за земјоделство.

Според Благица Петрески од Фајнанс Тинк во јули е достигнат пикот на инфлацијата и ќе следува стабилизација.

Според податоците од  завосдот за статистика, најголемо поскапување има кај транспортот со 24 отсто следуваат храната и безалкохолните пијалоци кои за само една година, поскапеле за дури 23,6 отсто. маслото за готвење во јули оваа година во споредба со минатата бележи раст од  55,4 отсто а лебот за една година поскапел за 33,4 отсто. Реагираше ССМ  инфлацијата според нивните пресметки е над 20 пстсто , а минималните животни трошоци во јули изнесуваат и над 47 илјади денари.

Елен Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Од понеделник е можно повторно намалување на акцизата за горивата – се чека да се види како ќе затворат берзите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе