Вести Свет

Трамп навести трета кандидатура за претседателската функција

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп навести дека може и третпат да влезе во трка за претседателската функција.

Тој на собир во Вашингтон организиран од членови на неговата поранешна администрација изјави дека обидот за негов импичмент и истрагата за нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година, се во насока да го спречат да се кандидира.

Тие сакаат да ве повредат, но навистина сакаат да ме повредат мене за да не работам повторно за вас…Мислам дека нема да успеат, им порача Трамп на своите поддржувачи.

Според извештаите во медиумите, може да се очекува тој во септември да објави дека влегува во трета претседателска кампања.

Иако тоа официјално не го соопшти, во својот говор Трамп навести дека не планира да ја напушти политичката сцена. Напротив, тој рече дека се чувствува принуден да се вклучи, независно, како што рече, „прогонството“ наметнато од претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, демократите и Комисијата што го истражува упадот во американскиот законодавен дом.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе