На собир во Вашингтон тој изјави дека обидот за негов импичмент и истрагата за нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година, се во насока да го спречат да се кандидира, но тој нагласи дека сепак има можност да се кандидира.
Тој изјави дека не чуствува потреба да ја напушти политичката сцена напротив дека чуствува потреба да остане на неа.
Според извештаите во медиумите, може да се очекува тој во септември да објави дека влегува во трета претседателска кампања.
„Тие сакаат да ве повредат, но навистина сакаат да ме повредат мене за да не работам повторно за вас…Мислам дека нема да успеат“, им порача Трамп на своите поддржувачи.
