– Во Србија досега се регистрирани десет потврдени случаи на мајмунски сипаници, соопшти Институтот за јавно здравје.
На територијата на Белград регистрирани се осум случаи на заболени од мајмунски сипаници, а два во Војводина, се наведува на сајтот на Батут.
Сите пациенти се мажи на возраст од 27 до 44 години.
Батут наведува дека досега се регистрирани 16.000 случаи на мајмунски сипаници во 75 земји, со пет смртни случаи.
Во моментов епидемијата е концентрирана кај мажи кои имаат секс со мажи, особено кај оние со повеќе сексуални партнери, се наведува во соопштението.
Симптомите на мајмунски сипаници обично вклучуваат висока телесна температура, интензивна главоболка, болки во мускулите, болки во грбот, слабост, недостиг на енергија, отечени лимфни жлезди, најчесто во вратот, пазувите и препоните, како и осип на кожата.
