Вести Свет

Поранешниот германски канцелар Шредер на разубедувачка мисија во Москва

– Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитри Песков денеска изјави дека поранешниот германски канцелар Герхард Шредер е во Москва и не исклучува дека ќе стапи во контакт со руските власти.

Тој разговараше со новинарите еден ден откако рускиот нафтен гигант Газпром објави дека ќе го намали снабдувањето со гас за Германија преку гасоводот „Северен поток 1“ на само 20 отсто од капацитетот, оправдувајќи го со исклучување на една турбина. Германија го отфрли тоа оправдување.

Герхард Шредер некогаш беше клучна фигура во енергетските односи меѓу Русија и Германија. Тој беше германски канцелар од 1998 до 2005 година, а потоа прифати функција во Надзорниот одбор на руската државна нафтена компанија Росњефт.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе