Вести Свет

Дипломатскиот шеф на Португалија на посета во Скопје

Жоао Гомес Кравињо, шефот на дипломатијата на Португалија , денес е на официјална посета на Република Северна Македонија, на покана на неговиот колега министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Целта на средбата е да бидат разменети мислења за евроинтегративниот процес на земјава, за билатералните односи и за перспективите за нивното натамошно унапредување, со посебен осврт на економските релации и можностите за нивно зајакнување.

Предвидено е двајцата министри да одржат тет-а-тет средба, ќе следи пленарен состанок меѓу делегациите на двете земји, а потоа и заедничка прес – конференција на Османи и Кравињо.

Португалскиот министер за надворешни работи ќе биде примен и од претседателот Стево Пендаровски, а ќе има одделни средби и со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе