Вести Свет

Пожарот во националниот парк Јосемити е надвор од контрола

– Големиот пожар во близина на националниот парк Јосемити во американската сојузна држава Калифорнија, кој избувна во петокот, е надвор од контрола.

Околу 2.000 пожарникари се борат со пожарот, што е еден од најголемите во Калифорнија оваа година.

Во гаснењето, што е отежнато од стрмниот терен, високите температури и ниската влажност, вклучени се и авиони и булдожери.

Огнот уништи 56 квадратни километри шума, најмалку 10 станбени и индустриски објекти, а оштетија уште пет.

Сè уште се истражува причината за пожарот.

Околу 6.000 жители во областа добија наредба да се евакуираат, но некои жители одбија да го сторат тоа. Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом прогласи вонредна состојба во округот Марипоса.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе