Вести Свет

Штајнмаер: Војната против Украина е војна против европското единство

Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер синоќа изјави дека војната на рускиот претседател Владимир Путин против Украина е исто така „војна против европското единство“.

– Војната на Путин против Украина е и војна против европското единство. Не смееме да дозволиме да не поделат, не смееме да го уништиме големото дело на обединета Европа што го започнавме со толку многу надеж, истакна Штајнмаер во говорот во Падерборн.

Тој наведе дека војната во Украина „двојно повеќе влијае врз заедничките основи на нашите вредности и на нашиот мировен поредок“.

– Русија не застанува со оспорување на границите, не запира со окупација на територијата на независна и суверена соседна земја, туку оди дотаму што ја оспорува украинската државност, посочи Штајнмаер

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе