Вести Свет

Данската вакцина „Имванекс“ ќе се користи за мајмунски сипаници

Данската биотехнолошка компанија Баварски нордик (БН) објави дека Европската комисија дозволила нејзината вакцина Имванекс да се продава за заштита од мајмунски сипаници, како што препорача Европската агенција за лекови (ЕМА) минатата недела.

Ден претходно, Светската здравствена организација (СЗО) издаде сериозно предупредување, прогласувајќи го брзото ширење на мајмунските сипаници за глобална здравствена вонредна состојба.

„ Достапноста на која било одобрена вакцина може значително да ја зајакне подготвеноста на државите во борбата против новите болести, но само преку инвестиции и структурно планирање на биолошката подготвеност“, рече извршниот директор на БН, Пол Чаплин.

Вакцината на БН е вакцина против сипаници што Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри во петокот како вакцина за употреба во превенција од мајмунски сипаници, откако САД и Канада веќе го направија тоа.

Данската компанија претходно на неколку земји од ЕУ им испорача од оваа, тогаш неодобрена вакцина, веднаш по избувнувањето на мајмунските сипаници. Освен за ЕУ, одобрението за Имванекс важи и за Исланд, Лихтенштајн и Норвешка.

Во последните три месеци цената на акциите на компанијата Баварски нордик е зголемена за 122 отсто, токму поради големата побарувачка на вакцината против мајмунски сипаници.

СЗО во саботата истакна дека во моментов се работи за епидемија која се проширила главно меѓу мажите кои имаат секс со мажи, особено оние кои имаат тенденција да имаат повеќе сексуални партнери. Тоа значи, рече шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, дека се работи за епидемија која може да се запре со примена на вистинската стратегија во одредени групи.

Мајмунските сипаници се карактеризираат со рани на кожата кои можат да се појават на гениталиите или на устата. Болеста е придружена со треска, болки во грлото и болки во лимфните јазли и осип кој наликува на осип што се јавува кај сипаници. Болеста обично поминува сама по себе, но може да биде многу болна.

Се смета дека вакцинацијата против сипаници обезбедува цврста заштита од мајмунски сипаници, но не е познато колку долго трае заштитата по вакцинацијата. Досега вакцината Имванекс беше одобрена во Европската Унија за превенција од инфекција со сипаници кај возрасни. Содржи жива модифицирана форма на вирус наречен vaccinia Ankara, кој е поврзан со вирусот на сипаници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе