Вести Македонија Најважни

Пожарот помеѓу селата Будинарци и Митрашинци сѐ уште е активен, но под контрола

Втор ден се гасне пожарот меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци. Според Центарот за управување со кризи, огнените јазици се држат под контрола и не се дозволува да се прошират на нов шумски предел. Полицискиот хеликоптер од утринава направил 27 прелети, скратено му е и времето за полнење на ведрото со вода. Наместо од Беровското езеро сега вода полни од импровизиран базен кај селото Будинарци. Приземјен е околу 12 часот поради високите температури, по што акцијата од воздух ја презеде Ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување. Водата што ја исфрла ја полни од езерото Мантово.

Пожарникари од повеќе градови се на терен. Активно се гаси и од земја. Иако е под контрола, огнот се уште не е целосно изгаснат. Има штета и на шумскиот фонд, но таа допрва ќе утврдува. Брзата реакција, но и тоа што станува збор за дабова шума што не гори така интензивно како борот спречија овој пожар да земе катастрофални размери како ланскиот, вели во изјава за Телма Ѕвонко Пекевски, градоначалник на Берово.

Надлелжните институции  се сомневаат дека станува збор за намерно запален оган. Инспектор за пожари беше на терен, а според статистиката на Дирекцијата за заштита и спасување поголем дел од пожарите се резултат на човечки фатор.

Завршува и жетвата на житните култури, земјоделците не можат да се одвикнат од старите навики, па ги палат стрништата. Во последните 24 часа според информациите на ЦУК пожарникари во неколку општини гаснеле стрништа. Лани од вакви пожари изгореа над 1.000 хектари овоштарници и неожнеани ниви.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе