Вести Свет

Голем пожар во јужниот дел на грчкиот остров Лезбос

Неколку куќи се изгорени, според локалните власти, во големиот пожар што претпладнево избувна во приморското место Ватера, во јужниот дел на грчкиот остров Лезбос, а жителите се превентивно евакуирани.

Префектот на островите во северниот дел на Егејското море, Костас Муѕурис за грчката телевизија ЕРТ рече дека во пожарот се изгорени неколку домови, а разговарал со министерот за климатска криза и цивилна заштита Христос Стилијанидис за од Атина, итно да стигнат на Лезбос воздушни средства.

Преку бројот 112 за итни случаи, беше побарано од жителите на Ватера да се евакуираат, откако огнената стихија од планината се симна кон населеното место.

Според локалните медиуми од островот, станува збор за туристичко место, а освен домови, биле евакуирани и хотели.

Во гаснењето на пожарот интервенираат 50 пожарникари со два пешадиски тима, 17 возила, седум авиони и еден хеликоптер, а помагаат и пожарникари волонтери и цистерни од општините.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Приведени осуммина кај кои полицијата пронашла дрога

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе