Вести Свет

Украина бара повеќе оружје и санкции по најавата за проширување на руската офанзива

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска побара повеќе оружје и дополнителни санкции за Русија.

Неговото барање уследи откако Москва најави проширување на офанзивата во Украина.

Русите сакаат крв, а не преговори. Ги повикувам сите партнери да ги зајакнат санкциите против Русија и да ја забрзаат испораката на оружје за Украина, напиша Кулеба на Твитер.

Претходно, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Москва нема исклучиво да се концентрира на источниот дел на Украина и оти преговорите меѓу Русија и Украина во сегашната ситуација немаат смисла.

Признанието на рускиот министер за надворешни работи за неговиот сон да заземе дополнителна украинска територија докажува дека Русија ја отфрла дипломатијата и се концентрира на војна и терор, посочи Кулеба.

Руските сили изминатите недели бомбардираат украински градови и напредуваат во источна Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Приведени осуммина кај кои полицијата пронашла дрога

Дејан Дејан

Во село Лабуништа пронајден човечки череп

Дејан Дејан

Димитриевски: ЗНАМ не е создадено за да биде дел од старите политички матрици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе