Инфлацијата не престанува да расте во Австрија. Во јуни достигна нова рекордна вредност од 8,7 отсто, највисока инфлација во изминатите 47 години.
Животот на Австријците повторно поскапе значајно и тоа поради „скокот“ на цените на горивото, намирниците, струјата, угостителските услуги.
На годишно ниво мини потрошувачката достигнала до 19 отсто.
Бензинот поксапе за 61 процент, а диелот за 65 проценти во однос на Јуни изминатата година според податоците на Статистичкиот завод на Австрија.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
