Вести Свет

22 лица загинаа, а 33 се повредени

Денеска во сообраќајна несреќа во близина на јужната египетска провинција Миња  загинати се најмалку 22 лица, а 33 се повредени , соопштија властите.

Несреќата се случила утрово кога патнички автобус удрил во запрен камион на автопатот што го поврзува главниот град Каиро со јужниот дел на земјата.

Властите во соопштението наведоа дека камионот менувал гуми на патот кога автобусот удрил во него во градот Малави во провинцијата Миња, околу 220 километри јужно од Каиро.

Брзата помош од местото на настанот ги хоспитализирала повредените.

Сообраќајните несреќи годишно убиваат илјадници луѓе во Египет. Причина за несреќите се главно лошите патишта или лошото спроведување на сообраќајните закони.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со парите од М-нав, Лотарија и МЕПСО државата го враќа кинескиот кредит

Дејан Дејан

Мицкоски: Гостивар утре ќе добие техничка вода

Дејан Дејан

СДСМ бара оставка од Клековски, велат тој призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе