Вести Свет Топ вести

Полицијата во Тексас застрела вооружен маж кој упадна во студентски камп

Полицијата во Тексас убила маж кој отворил оган во училишна сала во предградието на Далас, каде што имало 150 деца собрани во дневен камп, соопштија локалните власти, цитирани од Асошиејтед прес.

Нема повредени деца, персонал или полиција во пукањето, кое започна околу 8.45 часот по локално време во детскиот камп Данканвил, соопшти полицијата.

Мажот влегол во лобито на кампот со пиштол и испукал истрел за време на разговор со член на персоналот, изјави заменик-началникот на полицијата во Данканвил, Метју Стогнер.

Вооружениот напаѓач потоа се обидел да влезе во училница со деца, но вратата била заклучена, додаде Стогнер. Мажот пукал кон вратата, а потоа отишол во теретана, каде имало и деца. Во тој момент пристигнала полицијата, а во престрелката што следела мажот бил убиен.

Засега, полицијата не го откри идентитетот на мажот, ниту детали за неговите мотиви.

Стогнер рече дека полицијата реагирала две минути по приемот на сигналот.

Сите деца во кампот беа преместени во блискиот центар за одмор за да можат да ги земат нивните родители.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Пожари во Франција: Десетици илјади луѓе се евакуирани

Kristina Kuzmanovski

Средба Трамп – Зеленски во вторник во Вашингтон

Kristina Kuzmanovski

(Видео/Фото)Шумски пожари во Шпанија: Прогласена национална вонредна состојба

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе