Вести Македонија Најважни

Бугарија со три барања од Македонија, ЕУ сака договор во јуни

Бугарскиот премиер Кирил Петков преку еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи ја спасува својата влада од паѓање. Петков кој вчера остана без еден коалициски партнер во владата, партијата „Има таков народ“, поради прашањето за Мекедонија, а остана и без министерката за надворшени работи, Теодора Генчовска, која следејќи ја одлуката на својата партија денеска ја депонираше својата оставка до бугарското Собрание, организираше прес-конференција со Вархеи за да покаже дека неговата влада не се договрила тајно да го крене ветото за земјава. Тоа ќе му биде потребно доколку ја бара поддршката од бугарските пратеници од опозицисите партии, неговата влада да продолжи како малцинска.

Кога некој прави еднострани лажни вести или се обидува да направи политички дивиденти на грбот на оваа тема нека застане со човекот кој тоа му го кажал, како што јас застанав со г-динот Оливер Вархеи, и да каже што точно мислел, затоа што еве го човекот со кој се разговара по таа тема. Пред сите Бугари јас кажувам кои се трите критериуми и на тие критериумис секогаш сум опстојувал, порача петков.

А трите критетиуми за Бугарија да го крене ветото за земјава, на две недели пред одржување на Европскиот совет, денеска ги соопшти Петков.

Сакам јасно да кажам, пред бугарските граѓани и пред комесарот Вархеи, дека Бугарија има три јасни барања за да имаме напредок во однос на темата Северна Македонија. Прво, почитување на рамковната позиција, која ја усвои бугарскиот парламент, вклучување на Бугарите во Северна Македонија во Уставот на Република Северна Македонија, за да се заштитат нивните права и трето, исполнување на договорот за добрососедство. Едноставно и јасно, рече Петков.

Петков притоа не детализираше околу барањата, како временски рокови, дали Софија продолжува да инсистира тие да бидат дел од преговарачката рамка и дали под барањето за почитување на рамковната позиција Бугарија останува барањето за тоа Македонците да признаат дека не постоеле до 1944 година, дека Бугарија и Македонија имаат заедничка историја и македонскиот јазик во европските институции да се употребува со ѕвездичка.

Она што Петков единствено го кажа на прес-конференцијата со Вархеи е дека се работи заедно да се види дали е можно Унија да биде гарант на тие три услови.

Вархеи кој од своја страна рече дека неговата улога е да помогне да се надмине спорот и оти то го прави преку разговори како со бугарската така и со македонската страна, во својата изјава не кажа ниту збор за бугарските барања и евентуланата гаранција која се бара за нив од Брисел.

Целта е да се обидеме да најдеме решение. Бидејќи постојано  се враќам тука, значи дека се уште нема решение. Тоа навистина е фрустрирачки, да бидам искрен, затоа што секако не можеме да одиме напред со процесот на пристапување на Северна Македонија, без согласноста на сите наши земји членки. Се уште ми недостасува поддршката од една земја-членка, тоа е Бугарија и на тоа работиме, рече Вархеи.

Вархеи притоа ја потсети Бугарија на желбата на Унијата, овој јуни ова прашање да биде затворено.

Значи Јуни е месецот. Европскиот Совет во јуни е клучна дата, барем во нашиот календар и би сакале да видиме постигнат договор. Во клучен момент сме, но ни треба согласност од сите, вели Вархеи.

Вархе кој во изминатите шест недели двапати беше во Македонија, а трипати со Бугарија за постигнување на договор кој ќе ја одглави евроинтеграцијата на земјава, претходните средби ги држеше далеку очите на јавноста, без изјави за медиумите, се до денеска, по средбата со Петков.

Кризата во бугарскиот владин кабинет доаѓа и на два дена пред посетата на геранскиот канцелар Олаф Шолц кој во Софија ќе пристигне од Скопје, како нов и силен притисок на Германија прашањето околу Македонија да се заврши.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски не е оптимист дека ќе има договор за Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Го користел владиниот лирџет за приватни посети, сe возел со рент-а-кар платен со државни пари – екс директорот на СОЗР е обвинет за злоупотреба на 130 000 евра

Sonja Petrusevska

Турски суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе