Вести Македонија Најважни

Eвропската перспектива на Македонија, тема на разговорот Радев – Донфрид

Претседателот на Бугарија Румен Радев телефонски разговарал со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид за европската перспектива на Република Северна Македонија, соопшти прес-службата на бугарскиот претседател.

Двајцата го осудиле како недозволиво палењето на бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола. Според Радев, палењето на културниот центар на македонските Бугари во Битола го извршиле луѓе кои се обидуваат да го попречат процесот на евроинтеграција.

Донфрид го осудила подметнувањето на пожарот, коментирајќи дека целта е да се поткопа преговарачкиот процес меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Радев и Донфрид разговарале и за партнерството меѓу Бугарија и САД во областа на одбраната, како и за последиците од војната во Украина за безбедноста во Источна Европа. Карен Донфрид ја потврдила цврстата посветеност на САД за партнерство со Бугарија за промовирање на безбедноста, демократијата и економските можности меѓу двете нации.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Го користел владиниот лирџет за приватни посети, сe возел со рент-а-кар платен со државни пари – екс директорот на СОЗР е обвинет за злоупотреба на 130 000 евра

Sonja Petrusevska

Турски суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Kristina Kuzmanovski

Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на летно и зимско сметање на времето

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе