Од 22-ри јуни јавниот сектор во генерален штрајк, ако до тогаш не бидат исполнети нивните барања за повисоки плати.
Од ССМ и дадоа уште една последна шанса на Владата да најде начин, овие вработени да го добијат ветеното линеарно покачување на платите од 2.800 днеари и регресот за годишен одмор.
Ова следува откако вчера во Владата на двочасовната средба не се постигна никаков договор.
Од ССМ велат дека овоие пари во целост нема да ги решат, но ќе ги ублажат проблемите од високите цени и двоцифрената инфлација.
Се сложуваат покачувањето да важи од први идниот месец, но ако тоа не се случи вработените во јавниот сектор ќе доаѓаат на работа, но нема да извршуваат работни задачи.
Тие добиле ветување дека со ребалансот на буџетот овие барања ќе се исполнат, но откако увиделе дека со него не се планирани пари за повиоски палти се одлучиле на ваков чекор.
Од владата пак сметаат дека е потребен и модел со кои ќе се оценува продуктивноста на вработените во јавниот сектор.
Ирена Чачкова
