Вести Македонија Најважни

ССМ најавува генерален штрајк од 22-ри јуни ако владата не ги исполни нивните барања

Од  22-ри јуни јавниот сектор во генерален штрајк, ако до тогаш не бидат  исполнети нивните барања за повисоки плати.

Од ССМ  и дадоа  уште една последна шанса на Владата да најде начин, овие вработени да го добијат ветеното линеарно покачување на платите од 2.800 днеари и регресот  за годишен одмор.

Ова следува  откако вчера во Владата на двочасовната средба не се постигна  никаков договор.

Од ССМ велат дека овоие пари  во целост нема  да ги решат, но ќе ги ублажат проблемите од високите цени  и двоцифрената инфлација.

Се сложуваат покачувањето да важи од први идниот  месец, но ако тоа не се случи  вработените во јавниот  сектор ќе доаѓаат на работа, но нема да извршуваат работни задачи.

Тие добиле ветување дека со ребалансот на буџетот овие барања ќе се исполнат, но откако увиделе дека со него не се планирани пари за повиоски палти се одлучиле на ваков чекор.

Од владата пак сметаат дека е потребен и модел со кои ќе се оценува продуктивноста на вработените во јавниот сектор.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Турски суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Kristina Kuzmanovski

Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на летно и зимско сметање на времето

Sonja Petrusevska

СДСМ: Дали Мицкоски и за ослободувањето на Груевски имаше чувство?

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе