Вести Свет

Украинскиот претседател Зеленски побара повеќе оружје од Западот за борба против руската офанзива во Донбас

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија користи се што и е на располагање во битката за четири града во источниот украински регион Донбас, пренесе Асошиетед прес.

„Ситуацијата во Донбас е многу тешка“, рече Зеленски во вечерното обраќање до нацијата.

„Практично целата моќ на руската армија, сè што остана од нив е фрлена во офанзивата таму. Лиман, Попасна, Северодонецк, Славјанск – окупаторите сакаат да уништат сè таму“, рече тој.

Зеленски рече дека украинската армија ги одбива нападите, но „ќе биде потребно време и многу повеќе напор од страна на нашиот народ за да се надмине нивната предност во количината на опрема и оружје“.

Тој им рече на Украинците дека треба да се гордеат што ѝ се спротивставија на Русија три месеци во војната што многумина во Русија и на Запад очекуваа да трае три дена.

Зеленски повика на уште повеќе западно оружје за да ја задржи Украина во битка, вклучително и повеќе ракетни фрлачи и тенкови.

Во своите изјави, Зеленски го исмеваше рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кој рече дека Русија намерно ја одложила својата офанзива за да им даде време на жителите на опколените населби да се евакуираат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со боксови и клоци ја тепал сопругата поради тестамент – се заканил ако не се врати дома до 22 ч., ќе ја запали куќата

Kristina Kuzmanovski

Започнува „меко“ хиперхлорирање на водата во Гостивар

Sonja Petrusevska

Непочитување на препораките во Гостивар носи ризик од појава на Хепатит А и други заболувања, предупредува доктор Кочински од ИЈЗ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе