Во политиката коинциденците се намерни, е толкувањето на стартот на стратешкиот дијалог меѓу САД и Македонија на 2 јуни во Вашингтон, а кој соред универзитетскиот професор Ненад Марковиќ треба да го пополни вакуум просторот кој го остава зад себе ЕУ со неможноста во моментов да и овозможи на земјава европска интеграција.
„Очигледно САД имаат проценка дека оставањето на случај или само по себе, по некаква политичка инерција, ситуацијата во Македонија да се развива сама веројатно би довело до несакани последици или несакани општествени трендови. А пораката што ја испраќа до нас е позитивна, дека нема да не остави, дека има намера да се заангажира. Меѓутоа, пораката што ја испраќа до ЕУ многу потрсашна, според мене, таа една латентна порака за неспособност, односно им вели не сте способни да ја менаџирате ситуацијата поради каприците на своите земји-членки“, вели професор Марковиќ од Институтот за политички науки и медиуми и комуникации.
САД процениле, смета Марковиќ, дека доколку тие или ЕУ не го пополнат просторот кој се остава со долготрајното чекање на земјава пред вратата во Брисел, дека некоја трета страна ќе го направи тоа.
„САД прилично свеси за конкурентните влијанија о другите големи сили кои постојат овде и кои се повеќе заживуваат и стануваат поактивни, веројатно гледаат да го пополнат тој вакуум, да влезе на некој начин на терен и да ја затвори таа дупка која се јави, тој политички амбис кј се јави со нашата неможност да ги отпочнеме многу години пристапните преговори со ЕУ. И во таа смисла прави некаква контрола на штета, очигледно, на терен“, вели Марковиќ.
За тоа зошто САД подиректно не се инволвираат во надминување на спорот меѓу Софија и Скопје, како што направија со грчко-македонскиот спор, за Марковиќ е разбриливо, бидејќи Вашингтон не е дел од ЕУ и ги нема механизмите да ја натера Бугарија да попушти во Брисел. Сепак тој очекува Вашингтон да го засили притисок врз Бугарија, но оти таму се многу свесни дека тоа не може да се заврши до јуни.
Но стратешкиот дијалог со САД не значи напуштање на европскиот пат на земјава. За Дрган Тилев, од Секретаријатот за европски прашања, земјава мора да се држи до своите стратешки определби и цели, без оглед на моменталната ситуација и проблеми.
„Важно е да се држите цврсто за вашата стратешка определба, а тоа е стратешкиот интерес, бидејќи интересот не можете да го замените со ништо друго. Ако е интересот на оваа држава, а јас длабоко врувам дека нашиот интерес е евро-атлантската интеграција, односно членството во НАТО – постигнато, членството во ЕУ – треба да се постигне, длабоко верувам дека тоа е правецот“, изјави Драган Тилев, државен советник за европски политики во СЕП.
Тилев по најавите кои стигна прво од шефот на дипломатијата, а потоа и од премиерот, дека летото е крајниот рок за кревање на ветото во ЕУ, што доколку не се случи земјава неформално ќе ги замрзне преговорите со Бугарија, вели дека клучно за Македонија во овој период ќе биде задржување на процесите кои треба да ја европеизирираат земјава од внатре.
Тамара Грнчароска
