Вести Најважни Свет

Русија го прославува Денот на победата, Путин порача дека руските војници повторно се борат за безбедноста на својата земја

Додека низ Русија, и особено во Москва, руските гардисти маршираат на грандиозните паради по повод Денот на победата, гордо славејќи ги жртвите на нивните претци, кои борејќи се за земјата која ја плати највисоката цена задржувајќи ги силите на Третиот рајх, го запреа најголемото зло на 20 век, нивните браќа по оружје повторно гинат, но овој пат не како бранители на татковината, туку како агресорот во Украина. Тогашниот Советски Сојуз нацистичка Германија ја запре со 26,6 милиони жртви, две третини од нив цивили, а Црвената армија од битките за Москва и Сталинград, па се до Берлин, загуби над 8.600.000 војници.

„Со такво чувство на вистински патриотизам, војниците од Минин и Пожарски се кренаа за татковината, тргнаа во напад кај Бородино, се бореа со непријателот кај Москва и ленинград, Киев и Минск, Сталинград и Курск, Севастопол и Харков, а денеска се борите за нашиот народ во Донбас, за безбедноста на наѓата татковина Русија“, рече Путин.

За истите украински градови, кои во 1941 ги бранеа, а потоа во 1943 ги ослободуваа, денеска повторно гинат руски војници. Но, и овој пат, исто како и пред 80-на години, Украинците не ги пречекуваат како ослободители.

„Тие не само што треба да бидат потиснати до границата, туку и бомбардирани и таму. Нека живеат во пекол, како што ние живеевме. Нека видат како е. Им направија ужасни работи на децата. Направија ужани работи на децата и жените. Нека видат како е?“, изјави Ирина Решетник – жителка на Малаја Рохан, во близина на Харков.

Иако голем дел од Украинците во 1941 година Нацистите ги пречекаа како ослободители, нивните очекувања беа брзо изневерени. Украинските националисти посакуваа независност, и следниот ден откако ја прогласија, Нацистичката воена управа ги уапси и испрати во озлогласените концентрациони логори. Окупираната Украина стана сцена на едни од најтешките злосторства против човештвото, ѕверства извршени од СС единиците на Третиот Рајх, ѕверства за какви Зеленски денеска ја обвинува Русија.

„На 24 февруари Русија започна офанзива, чекорејќи по истиот раб. Секој окупатор кој дошол на нашата земја чекори по него. Сме преживеале многу војни, но сите тие го дочекале истиот крај. Нашата земја била затрупана под куршуми и гранати, но ниту еден непријател не успеал да пушти корења овде“, истакна украинскиот претседател Зеленски.

Зеленски ја обвини Русија дека во Украина имплементира крвата реконструкција на нацизмот, и поради тоа им порача на Украинците дека во блиска иднина ќе прославуваат два денови на победата.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе