Вести Македонија Најважни

Летово е последниот рок да се спаси пристапниот процес за земјава – потоа ќе се повлече линија

Летово е рокот до кога Македонија ќе ги чека Софија и Брисел да го повлечат вистинскиот потег кон земјава. Доколку тоа не се случи, шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, смета дека ќе треба да се повлече линија и да се каже дека така повеќе не може.

„Да се каже отворено, сериозни сме во ова или ќе продолжиме вака да играме процес. Мислам дека доста е веќе. До јуни, да не се врзам со месеци, до лето, мислам дека треба да продолжиме со максимални напори како ова да ќе успее. Да продолжиме конструктивно додека не се исцрпи оваа можност и после тоа да излеземе и отворено пред граѓаните, и отворено пред ЕУ, и отворено пред Република Бугарија, дека не можеме граѓаните повеќе да ги малтретираме“, рече Османи

Но, процесот со Бугарија нема да замрзне, појасни Османи, билатералните односи и Договорот за добрососедство ќе продолжат да се спроведуваат, но нема повеќе да се троши толку енергијата и време на спорот како досега.

Моменталниот застојот во политичкиот процес за решавање на спорот пак ја прави незивесна и втората меѓувладина седница со Бугарија предвидена за крајот од месецов, за што Османи вели дека во вакви услови нејзиното одржување би било само парада, без суштина.

Сепак и покрај ваквиот став Османи се уште не ја губи надежта и смета дека до јунскиот самит на ЕУ се уште има сериозни шанси процесот со Бугарија да се заокружи и да се постигне сеопфатно решение кое би ги затворило сите отворени прашања.

„Мора да има документ сеопфатен во кој што ќе се решаваат сите прашања. Се рабира дека нивната имплементација ќе трае. Но ние мора да имаме на хартија – каде, што, ког, кој – за да не се отвараат повеќе нови теми, нови прашања, нови различни интерпрентации на тоа кој што треба да прави“, рече Османи.

И додека полека е подготвува терен дека земјава во процесот на пристапуавање кон ЕУ ќе остане заглавена на неопределено време, на 2 јуни Македонија со САД ќе го започне стартешкиот дијалог, што е скала погоре во 14 годишното стратешко партнерство меѓу двете земји.

Но стратешкиот дијалог со САД, вели Османи, не е субститут за пристапувањето на земјава во ЕУ.

„Знам дека така може да се перцепира, бидејќи временски некако се поклопуват. Се разбира дека е дел од мојата идеја, доколку силата на овој процес потфрли, барем да има уште еден мониторинг механизам во делот на владеењето на правото, во делот на антикорупциската политика, во делот на економската, безбедносната соработка. Но не можам да ги поставам така едните и другите односи“, посјани Османи.

Стратешкиот дијалог треба да постави дополнителна рамка и дефинирање на приоритети во соработката меѓу двете земји и Македонија е прва која почнува ваков дијалог со САД.

Дијалогот ќе го водат министерствата за надворшени работи, на чело со Османи од македонска страна и помошник државниот секретар на САД, Керен Донфрид. Во Вашингтон на првиот состанок Османи лично ги поканил да присуствуваат и министрерката за одбрана и министерот за економија, со оглед дека за змејава приоритете во оваа фаза ќе бидат соработката во делот на енергијата, одбраната, безбедноста и сајбер заштитата. Османи информираше дека освен важни поголеми политички прашања, стратешкиот дијалог со САД ќе ја опфати соработката и проектите од директен интерес за граѓаните, како нивното движење во двете земји, образованието, културата.

Тамара Грнчароска

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата бележи нов скок поради нападите меѓу Иран и САД кои не запираат

Tea Dimkovska

Онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година

Promo Telma

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе