Вести Македонија

Реакција на вработените во штипската градинка на кои не им се исплати целосна плата

Десетина вработени во детската градинка „Вера Циривири – Трена“ во Штип попладнево на прес-конференција реагираат за намалените плати. Посочија дека директорката Софка Атанасова го заборавила фактот дека штрајкот е уставно право, па сега по насока на МТСП ги намалува платите на вработените кои штрајкувале. Списокот со имињата на вработените беше истакнат во текот на вчерашниот ден.

По насоки од Министерството за труд и социјална политика, директорката на градинката казни 48 вработени со тоа што им ги скрати платите. Понижени воспитувачи, негуватели, стручни соработници, технички персонал се резултат т.е. одмазда за штрајкот. Во текот на вчерашниот ден директорката донесе одлука со која на 48 вработени им ја крати платата. Очигледно е дека работи под инструкции на МТСП, а повеќе од јасно е дека на штрајкот доби силна политичка димензија со уцени и мобинг врз вработените, рече Анкица Лазарева, негувателка во детската градинка „Вера Циривири-Трена“.

Во текот на денешниот ден директорката Атанасова рече дека тие сè уште ги немаат направено пресметките на платите за вработените и чекаат насоки од Министерството. Меѓутоа, вработените велат дека одлуката веќе е истакната на огласната табла.

Казната на плата, велат вработените, е неправедна, бидејќи договорот кој го потпишале СОНК и Владата гарантирал исплата на целосните плати на сите вработени кои штрајкувале. Како што велат, колку директорката може да донесува одлуки без Управен одбор треба да се види по судски пат, а засега единствена правна помош добиле од ЛО Левица Штип.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе