Вести Македонија Најважни

Ахмети прифаќа средба со Мицкоски, Ковачевски бара проширен дневен ред

Ахмети би седнал на маса со опозицискиот лидер, за да дебатираат за клучните прашања, особено за проблемот со Бугарија. Подготвен е за дебата и компромиси но, се противи на најавената блокада на законодавниот дом од страна на опозицијата.

Блокадите не се категорија за унапредување на демократијата, таа се унапредува со дебати и компромиси. Мислам дека самите средби немаат ништо лошо во себе, но не со условувања и уценување… Сепак, за одредени, важни теми што имаат за цел унапредување на домашните политика, може да има вакви средби. Добро е да има консултации за тоа како ќе напредува спорот со Бугарија, спорот што нас не` блокира кон отворање на преговори со ЕУ и секако дека нам во земјава ни треба етнички и политички консензус.. Во ваква ситуација може да има дебата, средби, но не и блокада. Самите блокади се пречка за натамошно напредување, изјави претседателот на ДУИ.

И премиерот би седнал да разговара со опозицискиот лидер, но само со проширен дневен ред.

Уцена, со одбројување, два дена, пет дена, со единствена точка на дневен ред предвремени избори, таква средба нема да има. Може да седнеме, да разговараме за проблемите на граѓаните. Избори ќе има во 2024 година, изјави  Ковачевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесоа два закони во Собранието, иако се заканија дека, доколку Ковачевски не прифати средба со Мицкоски, за да разговараат за предвремени избори, ќе го блокираат законодавниот дом. Доколку останат на ставот, ќе бидат заглавени околу 70 закони, меѓу кои има и нивни предлози.

Од владејачките партии најавија дека ќе ги искористат сите деловнички механизми за да обезбедат функционалност на Собранието, но најголем проблем ќе бидат законите кои мора да се донесат со двотретинско мнозинство.

Далиборка Дамјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе